Во Битола денеска започна 9-тото издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино”. Овогодинешното фестивалско мото е „Само за сонувачи”. Од 06 до 08 октомври најмладите од Битола ќе имаат можност да погледнат 6 детски театарски претстави со гости од Македонија но и Бугарија, Русија, Австрија, Египет.
Во рамки на фестивалот ќе се одржат вкупно девет настани. Фестивалот започна денеска со свечено отворање и дефиле на плоштадот Магнолија. и претстава со на првиот лиценциран детски бродвејски мјузикл „Ени Јуниор”. Се работи за проект на Здружението за инклузивно и неформално образование “Крео-Аксис” од Скопје а вечерва во салата на НУ Народен театар се одигра претставата „Перничеграфија” на Театарската школа Бабец.

Фестивалот завршува во вторник (08.10). Истиот ден на програмата во 18 часот се гостите од El Mahrousa group од Гиза, Египет со претставата „Приказни од 1001″. Во 19.30 часот на програмата се нашите долгогодишни пријатели од Театарот на портите на Нарва од Санкт Петерсбург, Русија.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.