Од светот на филмот – “Соба за бегство“ и „Таму и онаму“

1042

Image may contain: 1 person, smiling, text

Од светот на филмот ја препорачуваме вечерашнава филмска програма на Кинотека на Македонија.

„Соба за бегство“ (Escape Room), Американско/Канадска продукција, со почеток во 18 часот.

Соба за бегство е психолошки хорор-трилер за 6 странци кои се наоѓаат во опкружување кое е надвор од нивна контрола. Тие мора да користат досетки за да ги решат загатките што им се поставени или, во спротивно, ќе умрат…

Во Чикаго, Илиноис, шестмина ентузијасти на опасната игра „Соба за бегство“ добиваат шанса да освојат 10000 долари. Тие се собираат во чекалницата на објектот и се затворени внатре, откривајќи дека играта веќе започнала. Во потрага по индиции, тие ненамерно ги активираат замрзнувачите: како што се интензивира топлината, сите бегаат додека собата е зафатена со пламен.  Следуваат уште неколку фази. Во една треба да ја отклучат вратата на зимската кабина којашто има комбинација од седум букви. Како во видеоигрите, секоја соба е едно ниво што треба да го поминат. Но, во СОБА ЗА БЕГСТВО на секое ниво некој од играчите го губи животот. Кој ќе преживее?

Во режија: Адам Робител (Adam Robitel) , Сценарио: Браги Ф. Шат, Марија Мелник (Bragi F. Schut, Maria Melnik), Улоги: Дебора Ен Волф, Тајлер Лејбин, Тејлор Расел (Deborah Ann Woll, Tyler Labine, Taylor Russell)

 

Image may contain: 5 people, people smiling, textВеднаш потоа од 20 часот следи Германски филм по избор на Гете Институтот „Таму и онаму“(Hin und weg / Tour de Force)

Пријателите на Ханес (Фиц) немаат идеја зошто тој ја избрал Белгија како дестинација за нивната годишна велосипедска тура. Кога по пат ја дознаваат вистината, реагираат шокирани: Ханес страда од неизлечлива нервна болест АЛС и сака да го спречи болното распаѓање на неговото тело.

Целта на последната велосипедска тура за Ханес е патување во потрага по „помошникот за смрт“ во Остенде. По првиот шок, групата се собира за повторно да го прослави животот, како никогаш дотогаш, со својот крајно болен пријател и неговата сопруга – до неизбежниот крај. Низ потегот на Ханес сознаваат колку е скапоцен животот. Поддржан од одлични актери, режисерот, наместо мелодрама, успева да реализира трагикомичен филм.

Режија: Кристијан Циберт (Christian Zübert), сценарио: Ариане Шредер, Кристијан Циберт (Ariane Schröder, Christian Zübert) во улоги : Флоријан Давид Фиц, Јулија Кошиц, Јирген Вогел (Florian David Fitz, Julia Koschitz, Jürgen Vogel)

 

Like

CommentShare

Groups
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.