„Светот е наша дестинација “ – нова песна на Марија Јанчевска

2165

После двете песни испеани на фестивалот „Златно славејче“, 2019-та година Марија Јанчевска покрај на поезијата и глумата, одлучи да се посвети на музиката. Деновиве може да се чуе нејзината нова песна, искомпонирана по нејзин текст.

Песната со наслов „ Светот е наша дестинација“, музика на Иван Стоинев композитор од Бугарија и аранжман на Цане Петров e музички пренесена порака од Марија за децата на целиот свет, и се појавува токму пред нејзиното авторско гостување во Ќустендил- Бугарија, каде ќе ги претстави нејзините две поетски книги „Сентиментални отпачатоци на времето “ и „Солза“ кои се  изблив на веќе зрелиот поетски исказ на младата Марија . Поетската вечер на Марија ќе се одржи во Галеријата Картинка „ Владимир Димитров-Мајсторот“ во организација на Библиотеката „Добрина“ на 19 април од 18 часот.

 

 

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.