„Дамата со камелии“ од Џузепе Верди на 21 февруари

35

На 21 февруари со почеток во 20.00 часот на сцената на НОБ ќе се изведе раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“.
Диригент е Иван Еминовиќ, кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј Медведев, кој работи со големите театри „Бољшој“ од Москва и „Марински“ од Санкт Петербург, а раскошната сценографија и костимографија се на Павол Јураш од Словачка, концерт-мајстор е Климент Тодороски.
Во главните улоги ќе настапат: Марија Кичевска Шокаровска и Франциско Хименес Руиз (Шпанија).
Настапуваат солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.