Отворен конкурс за традиционалните годишни награди на ДПМ

11

Друштвото на писателите на Македонија го отвора Конкурсот за традиционалните награди за најдобри книжевни остварувања во календарската 2022 одина, чии автори се членови на асоцијацијата.
3
Наградите „Стале Попов” за проза, „Ацо Шопов” за поезија, „Димитар Митрев” за критика и есеј, „Ванчо Николески” за книга за деца и млади и наградата „Мост” за книга напишана на еден од јазиците на националностите, веќе со години се клучен критериум за валоризација на годишната книжевна продукција кај нас.
Право на учество на овој конкурс имаат сите членови на ДПМ, кои до истекот на годината треба да достават по четири примероци од своите новообјавени книги во текот на 2022 година во посочените категории.

Примероците може да се достават во канцеларијата на ДПМ , или да се испратат по пошта на следнава адреса: Друштво на писателите на Македонија, ул.Максим Горки бр.18, 1000 Скопје.

За секоја од наградите ќе одлучуваат тричлени комисии составени од истакнати писатели со евидентно искуство во жанровските домени на кои тие се однесуваат.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.