Персиската литература во иранската уметност и филм- дискусија, изложба и филмски проекции

299

Иранската амбасада во Скопје денеска во Порта Македонија ќе организира дискусија за персиската литература, со осврт на делото „Искендернаме“ (Поема за Александар).

На настанот ќе учествуваат иранскиот уметник Мохаммад Реза Афшари, кој ќе говори за литературата во калиграфијата, и режисерот Маџид Реза Мустафави, кој ќе збрува за иранскиот филм.

Двајцата автори  во Скопје се претствени и  со свои дела – Афшари со изложба на исламска калиграфија која во Порта Македонија ќе биде отворена до 24 февруари, а филм на Мостафави, насловен „Астигматизам“ од 2018 година, ќе биде прикажан вечер од 20 часот во Кинотеката во рамки на Фестивалот на современ ирански филм.

Фестивалот со најнови остварувања од иранската кинематографија се одржува од 17 до 23 февруари. На фестивалот утре ќе бидат прикажани и филмовите „Развод заради мачки“ од 18 часот и „Реза“ од 20 часот, во присуство на режисерите Мохамад Али Саџади и Алиреза Мотемеди.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.