„Последната книга на планетата Земја“ од Филип Петровски ги освојува светските литературни сцени

834

Поминаа точно две години од издавањето на книгата „Последната книга на планетата Земја“ од авторот Филип Петровски . Читателите се запознаа со првото вакво дело на македонската книжевност и наидоа на воодушевувачки восклик од футуристичката приказна и начинот на кој Петровски ја води приказната. Филип пронашол канал и нурнал во иднината, и многу умешно ни ја сервира низ приказната богата со психолошки осврт на животот, мудроста и мистеријата. Македонската сцена е премала за ваква аванградна оргиналност, авантура низ  пештери на Матка, Кокино, кристалните дождови, тајни лаборатории, биолошко оружје, вирус, роботика. Токму затоа книгата доби превод на англиски јазик. Самиот писател ни откри дека е во контакт со неколку издавачки куќи и во тек се преговорите околу самото издавање. Укажува и неизмерна благодарност и одлична соработка со неговиот преведувач Владимир Стојановски- Мултитим и Максим Димитриевски.

Додека системот и светот се во хаос, јас настојувам да пишувам во душевен мир – ни кажа за крај Филип. Она што сега можам да го најавам се двете нови книжевни дела во наредниот период. За што станува збор да оставиме времето да ни покаже.

И дефинитивно ова е книга која  дава јасна слика за тоа што се случува на глобален план и која заслужува да ја имате во вашите раце!

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.