43. денови на македонска музика -ВЕЗИЛКА со Благој Нацоски и оркестарот „Профундис“

679
Сојузот на композитори на Македонија ве поканува на двојно задоволство во третата сезона на 43. Денови на македонска музика – два настани со црн и црвен конец везени – ВЕЗИЛКА !
На 9-ти декември (среда) од 19 часот во Фоајето на Македонската опера и балет ќе биде поставена изложба на акварелни портрети од живи македонски композитори на Снижана Мелник, уметник од Украина.
Од 20 часот следува концерт на светски познатиот македонски тенор Благој Нацоски и оркестарот „Профундис“ под диригентска палка на Ѓурѓица Дашиќ.
Настаните се организирани според сите здравствени протоколи за заштита од COVID-19. Влезот е слободен.
Задолжителни резервации на е-mail: [email protected] или телефон: +38970269829
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.