Премиера на “Ревизор” во Театар Комедија

53
Театар Комедија ја најавува новата премиера за 5. Мај, Ревизор од Гогољ, во режија и адаптација на Андреј Цветановски. Ревизор, според режисерот Цветановски, зборува за малограѓанштината не како географска одредница, туку како состојба на духот. Зборува за стравот од нешто повисоко и за расипаноста на оние кои го обожуваат врховното божество, власта. Гротеска на односот на граѓаните
кон власта и нивната заслепеност од сјајниот костум на Петербург. Оваа претстава зборува за човековиот страв од власта и потребата
од моќ кои како појави се појавуваат во овој систем и го јадат одвнатре до точка од која нема враќање.
Дали сите се наоѓаме во оваа приказна? До кога ќе живееме во свет во кој моќта претставува основна човечка карактеристика? И она
најважното… Сите ли сме си наши?
Сценограф на претставата е Сергеј Светозарев, а костимите се на Ивана Каранфиловска
Играат:
Тони Денковски
Сергеј Димоски
Виктор Арсов
Жаклина Стевковска Дрнасин
Жаклина Петровска Милјановска
Едмонд Сотир
Илија Илиоски
Столе Мицов
Јаков Спасов
Ангела Стојановска
Марија Кондовска
Христијан Поп Симонов
Инспициент: Нурјамет Рушити
Суфлер: Весна Куковска
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.