Признание за „Македоника литера“

20

Издавачкиот комитет при Кинеската издавачка асоцијација деновиве ги одбра најдобрите меѓународни преводни издавачки проекти на кинеската литература во рамките на иницијативата за соработка „Појас и пат“. Од неколкуте стотици издавачки проекти, меѓу 25-
те најуспешни проекти досега, избрано е серијата „Најдобрата кинеска литература за деца“, која „Македоника литера“ ја реализира во соработка со издавачката куќа „Делфин книги“ од Пекинг и во која досега се публикувани 18 книги – избори од прозното творештво на најпознатите современи кинески писатели за деца и млади.
Главниот уредник на оваа серија, Ванг Ќуанген, е првиот доктор супервизор за
литературата за деца во Кина, професор на Нормал универзитетот во Пекинг и заменик-директор на Комитетот за литература за деца на Асоцијација на писатели на Кина.
Оваа репрезентативна и антологиска серија е прифатена како нова и исклучително квалитетна понуда за македонските читатели, а текстови од овие книги веќе се најдоа и во новите учебници и прирачници за основното образование. На Катедрата за македонски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип досега се изработени над дваесетина семинарски теми за книги од серијата, како и еден дипломски труд посветен на целата серија.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.