Програма на 46. МОТ за 22 ноември (понеделник)

164
Неизвесноста на функционирање кое ја наметнува пандемијата повторно го смени репертоарот на 46. МОТ. Имено, претставата „Искричаво“ на Скопје Танцов Театар (закажана за 23 ноември) се одложува поради заболени членови на ансамблот. Новиот датум се вклопува во вториот блок од програмата – на 6 декември, 19 часот во Дом на АРМ.

Купените билети секако важат и за новиот датум.

Денешната програма, 22.11.
На чаша вино и разговор со авторката на збирката раскази „Мојот маж”, Румена Бужаровска и режисерките Нела Витошевиќ (Македонија), Јована Томиќ (Србија) и Ивана Ѓилас (Словенија) за нивните претстави базирани на дел од расказите.
Расказите на Бужаровска испоровоцираа автентични женски театарски видувања и го разбрануваа регионот. Токму за тоа и на други женски теми, денес ќе се разговара во МКЦ клуб и ресторан, со почеток од 17.30 часот.
*Влезот е слободен, но задолжително треба да подигнете протоколарен билет преку www.bileti.mkc.mk
22 ноември (понеделник)
НА ВИНО СО МОЈОТ МАЖ
време: 17.30  / локација: МКЦ клуб ресторан
Разговор со авторката на збирката раскази „Мојот маж”, Румена Бужаровска и режисерките Нела Витошевиќ (Македонија), Јована Томиќ (Србија) и Ивана Ѓилас (Словенија) за нивните претстави базирани на дел од расказите.
*Влезот е слободен, со претходно подигнување на протоколарен бесплатен билет преку www.bileti.mkc.mk
Танцувај, танцувај, инаку сме изгубени / Локомотива , Скопје (МКД)
Автор: Соња Преград 
време: 19:00 / локација: МКЦ, сала 25 Мај
Што и како ни значи просторот на (физичкото) заедништво во 2021 година? Ова дело е предмет на танц, но и повикување, изградено преку обликување на геометријата на афективниот притисок што го наоѓаме меѓу телата.
„Во јули 1518 година, жителите на Стразбур (тогаш дел од Светото Римско Царство) беа погодени од ненадеен и навидум неконтролиран нагон за танцување. Хистеријата започнала кога една жена, позната како госпоѓа Трофеа, излегла на улица и во тишина почнала да се мрда, врти и тресе.
Од каде потекнуваат изблиците на колективниот отсечен танц во време на пандемија и што или како да ги разбереме од ситуацијата во која се наоѓаме денес? DOWL го испишуваме со заеднички танц, кој користи, испреплетува, и на тој начин вмотува разновидни форми на колективна кореографија – од унисонот како класицистичка форма на танцување, преку рејв, фолклор, до декодирање на визуелни претстави на dance macabre и биогеометрија – обрасци на органско движење, како би се повикало композитно движење на колективното тело.
Силата на С/ Локомотива , Скопје (МКД)
Автори: Александар Георгиев
време: 22:00 / локација: МКЦ, сала 25 Мај
Сакам да ме набљудуваш, да ме осудуваш, да ме сакаш, да ти е незгодно со мене, да се изгубиш во мене, да си во склад со мене? Ми треба да ме храниш. Ми треба да ја славиш мојата моќ. Сакам да ме гледаш како дел од тебе. Бидејќи сум тука, отсекогаш сум бил веднаш зад тебе. Јас сум клучот до непознатиот космос. Треба само да тропнеш три пати.
Билетите за претставите изнесуваат 300 денари. Истите се достапни преку bileti.mkc.mk и на билетарница во МКЦ.
Тимот на МОТ го задржува правото на измени во распоредот на претставите.
Фестивалот е поддржан од Град Скопје и Министерство за култура.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.