“Вајтснејк” со турнејата Farewell и во Скопје

78

На 12-ти јули 2022, Стадион на АРМ!

 

Успеавме на WHITESNAKE Farewell tour да го вклучиме и Скопје, со голем и последен концерт кој ќе се случи на 12-ти јули 2022 година, на стадионот на АРМ, со почеток од 21 часот, најавува организаторот “Авалон Продукција”.

-Иако сите албуми им се врвни, а концертите енергични и спектакуларни, фронтменот на бендот David Coverdale одлучи во 2022 година да стави крај на WHITESNAKE. Впрочем, тоа е одлука само на најголемите, а крај без Скопје и Македонија, едноставно не е возможен. Харизматичниот рокер, кој воедно е еден од најдобрите рокенрол пејачи на светот на сите времиња- Coverdale, заедно со Whitesnake, пред македонската публика ќе ги изведат најголемите хитови со кои израснаа многу генерации. „Here I go again“, „Is this love“, „Fool for your loving“, „Still of the night“, „Love ain’t no stranger“, „Give me all your love“, „Ain’t no love in the heart of the city“ и уште многу други, се само дел од големите хитови на легендарните WHITESNAKE што ќе прозвучат на стадионот на АРМ, а за кои се имаме уверено дека македонската публика ги пеела и ќе ги пее во еден глас,велат тие.

“Возбудени сме и со радост го очекуваме настапот во Скопје каде што на оваа последна турнеја заедно ќе го славиме наследството на Whitesnake, кое речиси 50 години ги освојуваше светските топ листи. Благодарен сум што сѐ уште одиме на турнеи низ светот. Сето ова време го уживав и ги славев сите незаборавни моменти со милиони фанови што беа дел од ова исклучително патување и на кое ме поддржуваа во истото. Навистина го сакам заедничкото искуство со моите неверојатни музичари и едноставно ја сакам мојата работа и секогаш ќе ја сакам… речиси пет декадентни и вкусни децении. Ви благодарам!”- рече Coverdale по повод прошталната турнеја.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во среда, 24.ноември во 9 часот наутро преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на avalon.mk по следниве цени и категории:

ПАРТЕР: 1.500 денари
ФАН ПИТ: 2.000 денари

Големите одат со стил, а концертот на WHITESNAKE е нешто што не смеете да го пропуштите во Скопје- за последен пат!

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.