Промоција на книгата “Големиот скандал”од Сања Трпковска

14

На 15 јуни со почеток во 16:00 часот во кафе книжарата „Буква“ ќе биде промовирана книгата „Големиот скандал“ од Сања Трпковска во издание на издавачката куќа „Фуснота“.

Промотор на книгата е Јулијана Величковска.

Главен уредник на книгата е Драгана Евтимова

Дизајн на корица изработи Сања Трпковска

Извадоци од романот ќе чита: Владимир Петровиќ

„ГОЛЕМИОТ СКАНДАЛ“ е роман за патувања, подароци, пасошки контроли, перничиња и плеј-листи за по пат. Приказната на двајцата патници во купето бр. 091 на железничката станица во Лондон започнува со наивно прашање – дали може да се затвори прозорецот. Конечна дестинација е Париз, директна линија.

„ГОЛЕМИОТ СКАНДАЛ“ е прв објавен роман на Сања Трпковска. Вториот роман „Реквием на тацна“ беше одбран во топ три ракописи на конкурсот „Новите“ (2023), од издавачката куќа „Темплум“ од Скопје. Расказот „ПАС-АПОРТ“ беше објавен во рамките на конкурсот за краток расказ на помирување – Бибер 04 (2021). Сања пишува за блиското минато и идно време, застанува во сегашноста да пие кафе низ улиците и звуците на Балканот.

Книгата ќе се биде достапна за продажба на промоцијата по промотивна цена, а потоа и во книжарниците.

 

 

 

 

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.