Промоција на книгата „Припитомување на кучката“ од Венко Андоновски во Салон 19,19

1433

На 17. април (среда ) во Салон 19,19 на Културно -информативниот центар во Скопје ќе биде промовирана најновата книга од Венко Андоновки „ Припитомување на кучката“, која излезе од печат на крајот од минатата година.

Книгата ќе ја промовира проф. др. Кристина Николовска, а делови од
книгата ќе интерпретира артистот Теоман Максут. Промоцијата ќе биде збогатена со музичка изведба на дуо пијано
Катерина и Глигор Гелебешеви.

Книгата е во издание на Издавачкиот центар „Три“.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.