15. април 1912 – Потонал “Титаник“

1566

15 април е 105-иот ден во годината според Грегоријанскиот календар (106-ти во престапна година ). Остануваат 260 денови до крајот на годината.

Во историјата запишан како тажен ден. Во 1912 по сударот во Санта мраз нешто пред полноќ претходниот ден, потона прекуатланскиот брод „Титаник“, кога животот го загубиле 517 лица.

https://mk.wikipedia.org/w/index.php?curid=49370

„Титаник“ (RMS Titanic) — британски прекуокеански патнички брод од класата „Олимпик“ сопственост на Вајт Стар Лајн, компанија која организирала редовен прекуокеански сообраќај помеѓу Велика Британија (обично од Саутхемптон) и САД (обично до Њујорк ). Бил изграден во бродоградилиштето Харланд и Вулф. Во времето кога бил изграден, бил најголемиот патнички брод. Бил изработен според најсовремените технологии и популарно се верувало дека е „непотоплив“. Палубите и просториите од првата класа на бродот биле особено луксузни и убаво уредени.

 

Имал носивост од 46.328 БРТ, должина од 269,1 м, парни турбини со 59.000 коњски сили, максимална брзина при полн товар од 24 јазли (44,57 км.ч) и капацитет од 3.547 патници.

За време на првото патување, „Титаник“ удрил во санта мраз во Северниот Атлантик пред полноќ на 14 април 1912 година и потонал два часа и четириесет минути подоцна, на 15 април. Тоа бил голем шок за јавноста, особено што потонувањето завршило со огромни загуби од 1517 патници, што е една од најголемите поморски цивилни несреќи.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.