Промоција на книгата „Сегде божева je хубавина“ од Гоце Ристовски

613

Во НУ библиотека „Гоце Делчев“ во Штип,денеска е промовирана книгата „Сегде божева je хубавина“ од Гоце Ристовски, објавена со  подршка на Министерството за култура. Настанот е во чест на роденденот на револуционерот и поет Ацо Шопов,роден 20 декември, 1923 година во Штип.

За делото ќе говори проф. д-р Трајче Стојанов. Промоцијата ќе биде реализрана според здравствените протоколи, со ограничен број на посетители.

Инаку промоцијата с еодржува во рамки на манифестацијата која се одржува секоја година е под наслов „Во чест на поетот“. Истата со изменета содржина се организира од 1985 година, само три години по смртта на поетскиот великан Ацо Шопов. Организаторот на манифестацијата НУЦК „Ацо Шопов“, од пред неколку години одлучи да доделува Признание на институции и поединци кои дале свој придонес во афирмацијата и популаризацијата на ликот и делото на Ацо Шопов.

Досегашни добитници на признанието се: Институтот за литература при УКИМ –Скопје, Друштвото на писателите на Македонија, поетот Михаил Ренџов, поетот  Ристо Лазаров, скулптурот Александар Смилков (постхумно), скулптурот Васил Василев и други  Годинава признанието се доделува на библиотеката „Браќа Миладиновци“ од Скопје.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.