Роман Полански за својот филм J’accuse“ – “Обвинувам“ ја доби филмската награда „Цезар“, но не успеа да присуствува на церемонијата во Париз

1069
foto mia.mk

Околу стотина демонстранти, претежно жени, два часа пред почнување на церемонијата се собраа на плоштадот Терн пред салата Плејрл , за да го осудат Роман Полански и 12 номинациите на „ J’accuse“ – Обвинувам на доделување на престижната филмска француска награда „Цезар“. Собирот за жал ескалираше и со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите.

Роман Полански и екипата на неговиот филм „J’accuse“, вклучувајќи го и актерот Жан Дијардин кој ја игра главната улога, решија да не присуствуваат на церемонијата на „Цезар“, додека неговиот долгометражен филм за Аферата Дрејфус има дванаесет номинации.

-“Ние сакаме да ја прашаме кино заедницата, која може да ја поддржи Адел Хаенел, а ги осудува делата на сексуални напади, и истовремено, со неверојатна лицемерие, го поддржува Роман Полански,“ објасни на почетокот на митингот Селин Пика, портпарол на движењето “Осмелете го феминизмот“.

Демонстрантите извикуваа пароли непријателски настроени кон режисерот како „Полански силувач, кино виновно, јавен соучесник“. На паноата можеше да се прочита: Жртви на Полански, ви веруваме“ или „Долу патријархатот“.

Роман Полански е предмет на неколку обвиненија за силување и се уште го гони американскиот правосуден систем за незаконски сексуални односи со малолетничка во 1977 година.

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.