Скопје: Прво издание на Фестивалот на приказни за деца и млади „Крошна

40

Денес, 29 октомври 2022г. се одржа првото издание на Фестивалот на приказни за деца и млади „Крошна“ на пет локации во Скопје. Главната замисла на овој настан е да открие пред младата публика како читателското искуство одекнува и се преобразува низ други медиуми, како
раскажувањето и сценските уметности. Сите добро знаеме дека читањето убава литература нè збогатува со нови чувства и идеи, но тие не мора да останат затворени во внатрешниот свет на читателот. Тие може да бидат изразени и споделени меѓу читателите на разни начини, свивајќи густи, разнобојни крошни околу изворната замисла на писателот.
Фестивалот, замислен како патека на приказните со следниве настани:
– од 16 до 17 часот отворање на фестивалот во кафе-книжарницата „Буква“ – замокот на светот на фантазијата. Раскажувачите Ана Голејшка и Владимир Лукаш ќе раскажуваат приказни инспирирани од „Кој сакаш да бидеш?“ на Карло Фрабети.
– од 17 до 18 часот, во Драмскиот театар ќе може децата да учествуваат во интерактивна театарска претстава инспирирана од „Писма до некого и до никој друг“ на Тон Телехен заено со актерите-раскажувачи Наташа Петровиќ и Ненад Митевски.
– од 18 до 19 часот во Театарот на сенки „Сенки и облаци“ (Дебар Маало) ќе има
интерактивен ликвид перформанс со сенки инспириран од „Магла“ на Марта Палацези.
– од 19 до 20 часот во МКЦ, во Детскиот креативен центар раскажувачката Ангела Стојановска ќе ви раскажува за пишувачите на писма, а  од 20 до 21 часот во Планетариумот, во МКЦ ќе слушаме приказни за ѕвездите и за црните дупки инспирирани од „Мрежа“ на Сара Алегрини.
Фестивалот „Крошна“ е во рамки на проектот „За оние по нас. План за поттикнување читачки навики кај младите“ дел од програмата „Креативна Европа“.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.