Stand up show со Алексадар Перишиќ и Никола Тодороски

71

По повод светскиот ден на комедијата, Скопје Комеди најавува дружење со Александар Перишиќ гостин од Белград и Никола Тодороски гостин од Канео.

Х

Александар Перишиќ оваа година влегува во втора декада со занимавање со stand up комедија.
Со многу, многу настапи (дечкото е мрзлив не води точна статистика) во сите бивши ЈУ Републики, се смета за еден од пионерите на српската stand up сцена. Важи за еден од политички најНЕкоректните комичари, со посебен акцент на црниот хумор.
Со комедија почнува да се занимава после десетина години соработка со театарот во неговиот роден град Краљево. Перишиќ е победник на првиот “open mic” оддржан во Белград во 2010 година, и таа вечер се случува пресвртница во неговиот живот и кариера. После неколку години се приклучува на сценаристичкиот тим на популарното ТВ шоу „Вечер со Иван Ивановиќ“ и станува панелист во истото шоу.
Моментално го изведува своeto “one man show” – КОМПЛЕКСАНДАР и тематскиот стенд ап КАЈ БРЕ?! со колешката од Згареб – Марина Осраг.
Настапувал на сите релевантни фестивали ширум регионот, а особена чест ни е што Скопје Комеди во соработка со охридската подружница го претставува на скопската публика.

Х

Вечерта ја отвора домаќинот Никола Тодороски, за кој не е потребна посебна најава. Дефинитивно најактивниот и највредниот комичар кај нас!
Датумот е 17ти декември (петок), локацијата е прекрасниот МКЦ клуб & ресторан, влезници по цена од 400 денари можете да набавите преку продажната мрежа на МК Тикетс.
*настанот ќе се одржи согласно важечките протоколи за организирање настани, капацитетот е строго ограничен, побразајте со набавка на својот билет на овој линк –> https://mktickets.mk/event/stand-up-an/
Или преку продажната мрежа на МК Тикетс:
Скопје:
Литература МК – Super Store – Skopje City Mall
Литература МК – Буњаковец
Литература МК – Веро Центар
Литература МК – Улица Македонија
Литература МК – ГТЦ Приземје
Литература МК – Ramstore Mall
Макпетрол – Козле
Макпетрол – Порта Влае
Макпетрол – Илинденска
Југотон ГТЦ 1
Велес: Унисон
Прилеп: ТА Бран
Куманово: Тобако Агора
Тетово: Гранд Тобако, Тобако Монако
Гостивар: Тобако Вона Пет
Охрид: ТА Вис Пој
Битола: Литература МК
Струмица: ТА Сафари

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.