Меѓународен симпозиум за медиумска писменост и критичко размислување

61

03 – 04 февруари 2022 | 11:00–15:00ч. | Zoom

Институтот за комуникациски студии (ИКС) со големо задоволство Ве поканува на меѓународниот симпозиум за медиумска писменост и критичко размислување, на 03 и 04 февруари 2022, онлајн преку Zoom платформата .

Целта на симпозиумот е да ги актуализира прашањата на критичко размислување и медиумска писменост како глобален приоритет, со посебен акцент на високото образование. Симпозиумот ќе обедини на едно место професори, истражувачи, студенти и експерти кои ќе дискутираат и презентираат модерни пристапи во областа на медиумската писменост и критичкото размислување.

На настанот се планирани неколку сесии на кои ќе се презентираат и дискутираат предизвиците на академската заедница во осовременувањето на медиумското образование, ќе се разговара за новите трендови во медиумската и дигиталната писменост, а ќе се презентираат и наодите од истражувањето на медиумската писменост во високото образование во Македонија кое ИКС го спроведе во ноември/декември 2021.

Заинтересираните автори можат да поднесат и научен апстракт со можност за објава во меѓународно научно списание .

Симпозиумот се организира како дел од петгодишниот проект за медиумска писменост поддржан од УСАИД: YouThink. Проектот го спроведуваат ИРЕКС, Македонскиот институт за медиуми (МИМ), Институтот за комуникациски студии (ИКС) и Младинскиот образовен форум (МОФ).

Линк за пријавување на симпозиумот: https://bit.ly/3m95QQJ
Повеќе информации: https://bit.ly/3dWBoVl

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.