Стефан Марковски со збирката раскази „Фауст го трча плебејскиот круг“победник на конкурсот „Книжевен круг за проза“

410

Со одлука на стручна комисија, Друштвото на писатели Битолски книжевен круг ги објави наградените ракописи за 2020 година, пришто наградата Книжевен круг за проза припадна на ракописот „Фауст го трча плебејскиот круг“ од писателотСтефанМарковски.

За збирката раскази на Марковски во освртот кон книгата, претседателката на Битолскиот книжевен круг, Елизабета Јончиќ подвлекува: „Ова дело е карактеристично по структурната поставеност во нарацијата. Содржи шест елементи од коиш то е составена целината. Иако шесте приказни се одделуваат сами за себе како посебни целини, имаат заедничка матрица во планот на изразот. Структуирани се како раскази но се чувствуваат драмски елементи, динамички покренувачи на дејство и статички мотиви кои што ги опишуваат одредените ситуации. Авторот многу вешто прави комбинација на лирски и драмски компоненти во текстот.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.