15 години постоење на Магазинот за хумор и забава „Без Навреда”

771

Со 106-тото издание, Магазинот за хумор и забава „Без Навреда” овој октомври одбележува јубилеј, 15 години постоење.

Цели 15 години под палката на Уредникот Панде Димитровски, списанието“Без навреда“ ги расположува читателите а воедно ги враќа во некои убави евергрин времиња, кога шегата и хуморот беа составен дел на секојдневното живеење. За жал, сега станаа привилегија во некои ретки моменти, па затоа „Без навреда“ им дава ведар дух на сите оние кои редовно го читаа.

Панде Димитровски по „Широк сокак “ и Битола познат како Панде „Феријал“ , за илјадници деца како чичко Панде, од „Си -До“ и „Здраво генијалци“ , за читателска фела Панде од „Без навреда“ а за Битолчани веќе десет години е авторот и на манифестацијата „Незаборав„ .

Во јубилејното издание потсетува на почетоците и  вели: „Кој се смее зло не мисли ,а кој мисли не му е стигнато до смеење. Ќе се обидам да мислам и да ве насмеам. …Во својот познат дух тој пишува: „”Без навреда” , ако ве има и ако се прочитате или препознаете, слободно лутете се но тоа да бида брзо и без злопаметење…И додава: Кризата си го прави своето. Помалку бизнис и пари a излез: „Само со производство а бидејќи за мајтап не треба инвестиција , машини, инвентари, јас се решив за вакво производство. Колку ќе го има зависи не само од мене туку од вас ,почитувани читатели но и од спонзорите.Но, има нешто на што потсетува а тоа е дека народната песна, идејата и шегата немаат газда.

Со 15 години постоење со соработниците издадоа 105/6 изданија, и успеаја да насмеат многу луѓе а патем  да потсетат на онаа убава изрека: „Смеењето е половина здравје за другата половина погрижете се сами„…или ..СМЕАТА Е ЛЕКОТ ШТО ГО ПРОДОЛЖУВА ВЕКОТ!

Во нашето семесјтво се читаше секогаш со кафе, гласно прочитување и убава смеа па така ќе биде и со јубилејниот број. И затоа од срце му посакуваме Честит 15 роденден!

Татјана Гогоска 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.