Стоти број на “Гевгелиски магазин”

26
Излезе стотиот број на ГЕВГЕЛИСКИ МАГАЗИН, кој скоро две децении ја информира јавноста во Општина Гевгелија и пошироко за случуваеата и настаните во Општината. Првиот број на општинското гласило излезе во 2004 година, како ГЕВГЕЛИЈА ИНФО, кое подоцна се преименуваше во ГЕВГЕЛИСКИ МАГАЗИН. 
Меѓутоа, целта остана иста – да ги информира граѓаните на Општина Гевгелија и поширок за се она што се случува во Општината, за активностите на локалната самоуправа и за 
остварувањата на луѓето кои со својата работа и активност придонеле за афирмација на Општина Гевгелија. Стотиот број е 
најдобра потврда дека во изминатите скоро две децении ГЕВГЕЛИСКИ МАГАЗИН е и останува единственото печатено гласило на овие простори, кое продолжува да ги информира граѓаните за локалните случувања, активности и остварувања.
Магазинот донесува опширен извештај за презентацијата на Општина Гевгелија пред дипломатскиот економски карван, како и Интервју со секретарот на Општинската организација на Црвен крст-
Гевгелија, Лазар Мешков. Магазинот известува за изложбата „Првите кралеви во Европа“ во Америка, на која што Принцезата 
со култната палка од Милци предизвика посебно внимание, преку разговорот со Бобан Хусеновски, археолог, кустос-советник во НУ 
Музеј во Гевгелија. Во стотиот број на ГЕВГЕЛИСКИ МАГАЗИН има посебен прилог за претстојниот Детски музички фестивал 
„Калинка 2023“, како и посебни прилози за младите, културата и спортот.
Покрај печатеното издание, јубилејниот број на 
ГЕВГЕЛИСКИ МАГАЗИН може да се проследи и електронски на веб и Фејсбук- страните на Општина Гевгелија. 
 
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.