На денешен ден почина Ацо Шопов

30

Ацо Шопов е македонски поет и преведувач, член на МАНУ и еден од основоположниците на современата македонска поезија, роден во Штип на 20 декември 1923, а починал во Скопје на 20 април 1982 година.

Сопружник на Светлана Шопова
Родители- Костадинка Русева (1897- 1942) и Ѓорѓи Зафиров- Шопов (1893- 1944). Во Штип, го поминал детството, со браќата Димитар (1920- 1972) и Борислав (1927- 1996).

Во Штип го завршил и основното училиште и гимназијата.
Деца- Владимир и Јасмина.

Ацо Шопов е автор на првата повоена книга на македонски јазик во слободна Македонија, Песни (1944), објавена во „Млад Борец”, Белград. Делегацијата на антифашистичката младина на Србија, којашто учествува на Вториот Конгрес на Народно- ослободителниот младински сојуз на Македонија (НОМСМ), во Скопје, од 6 до 8 јануари 1945, ги донесува печатените примероци во Скопје и ги подарува на учесниците на конгресот, на кој Ацо Шопов учевствува во својство на потпретседател на главниот одбор на НОМСМ.

За време на животот, Ацо Шопов има објавено тринаесет збирки поезија и исто толку избори од поезијата на македонски јазик, како и петнаесетина избори препеани на странски јазици.

Неговата книга Слеј се со тишината е прва македонска збирка препеана на словенечки јазик, во 1957 год., а Јус-универзум е прва збирка сатирична поезија објавена на македонски јазик, во 1968 година.

***

Тој е славен македонски академик, поет и преведувач.
Сопружник на Светлана Шопова
Родители- Костадинка Русева (1897- 1942) и Ѓорѓи Зафиров- Шопов (1893- 1944). Во Штип, го поминал детството, со браќата Димитар (1920- 1972) и Борислав (1927- 1996), Во Штип го завршил и основното училиште и гимназијата.
Деца- Владимир и Јасмин.
Шопов е еден од основоположниците на современата македонска книжевност. Неговата прва збирка Песни (1944) e првата книга на македонски јазик објавена во слободна Македонија. Тој бил претседател на Друштвото на писателите на Македонија ДПМ и негов член од основањето во 1947 г., прв претседател на Советот на фестивалот Струшки вечери на поезијата (1962 г.), претседател на поранешниот Сојуз на книжевните преведувачи на Југославија, претседател на Сојузот на писателите на Југославија, член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) од нејзиното основање (1967), член на Македонскиот ПЕН центар. Основач, во 1951 г., и прв директор на издавачката куќа „Кочо Рацин“, а потоа долгогодишен директор на издавачката куќа „Македонска книга“, Ацо Шопов бил амбасадор на СФРЈ во Сенегал (1971- 1975) и претседател на Републичката комисија за културни врски со странство (1975-1979). Шопов бил уредник или главен и одговорен уредник на списанијата: „Нов ден“, „Млад Борец“, „Иднина“, „Современост“, „Хоризонт“ и сатиричниот весник „Остен“.

***

Носител на Партизанска споменица од 1941,
Орден за храброст,
Орден братство-единство од I ред,
Орден на Републиката со сребрен венец (1961),
Орден на трудот со црвено знаме (1969),
Орден заслуги за народ со златна ѕвезда (1974)

Ацо Шопов бил добитник на повеќе награди:

Наградата „Кочо Рацин“ за збирката „Слеј се со тишината“ (1956)
Наградата „Кочо Рацин“ за збирката „Ветрот носи убаво време“ (1957)
Наградата „11 Октомври“ за препевот на „Хамлет“ (1960)
Наградата на Змаевите детски игри за препевот на песните на Јован Јовановиќ-Змај (1967)
Награда „АВНОЈ“Наградата „АВНОЈ“ (1970)
Наградата Кочо Рацин за збирката „Гледач во пепелта“ (1970)
Осмоноемвриска награда (1974 г.)
Наградата „Браќа Миладиновци“ за збирката „Песна за црната жена“ (1977)
Наградата „11 Октомври“ за животно дело (1981)

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.