Филмот “Северен Пол” награден на фестивал во Билбао

122

Филм „Северен пол“ на режисерката Марија Апчевска  ја освои Големата награда на 63. Интернационален фестивал на документарен и краток филм „Зинеби“ во Билбао, Шпанија.

Со ваквата победа на престижниот филмски фестивал, краткиот филм „Северен пол“ автоматски се квалификува за кандидат за Оскар, а официјално, номинациите за „Златната статуетка“ ќе бидат објавени на 8 февруари идната година.

Исто така, по победата на фестивалот во Билбао, „Северен пол“ е во потесен круг и за Европските филмски награди за 2022, кои ги доделува Европската филмска академија (ЕФА).

„Надреално! „Северен пол“ ја доби Гoлемата награда, како и кандидатурата за ЕФА во Зинеби! Неверојатно благодарна до сите кои учествуваа во ова патување“, напиша режисерката Апчевска на социјалните мрежи.

Главните улоги во „Северен пол“ ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Лука Митев.

Северен пол“ е трет краткометражен филм на Марија Апчевска по успешните „Бардо“ (2012) и „Амби“ (2017).

Филмот е во продукција на „Кино око“ во копродукција со „Сервиа Филм“ од Србија и „Тиволи Продукција“ од Унгарија со финансиска поддршка на Агенцијата за филм на Македонија.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.