Концертна серија „Musica Viva во чест на 55 години ФМУ“

202
Концертната серија „Musica Viva во чест на 55 години ФМУ“ како дел од одбележувањето на 55 години од основањето на ФМУ – Скопје ќе се реализира на 27, 28 и 29 ноември. На програмата се дела од светската музичка литература во изведба на студентите од класите на проф. м-р Михаило Куфојанакис, проф. м-р Живко Фирфов, проф. м-р Фросина Балова, проф. м-р Стојан Димов, проф. м-р Васо Ристов, проф. м-р Нинослав Димов, проф. м-р Александар Гошев, проф. д-р Марија Ѓошевска, проф. м-р Катерина Костадиновска Гелебешева, проф. д-р Ана Гацева, проф. м-р Марија Муратовска Наумовска, проф. д-р Горан Начевски, проф. м-р Весна Ѓиновска Илкова, вонр. проф. м-р Дарко Багески, вонр. проф. д-р Елена Атанасовска Ивановска, вонр. проф. м-р Сара Пројковска, доц. м-р Дино Имери, м-р Александар Поп Христов.
 
Концертите ќе се одржат во Музејот на македонската борба во следниве термини:
-27 ноември: студентите од класите по гудачки интрументи, гитара, дувачки инструменти и камерна музика;
-28 ноември: студентите од класите по соло пеење и корепетиција;
-29 ноември: студентите од класите по пијано.
 
Почетокот на сите концерти е во 20 часот.
Влезот е слободен. Заради ограничениот број на седишта потребна е резервација на тел. 3134-345 во работни денови од 8 до 16 часот или на [email protected]
 
Настаните се одржуваат според протоколите за одржување настани одобрени од Комисијата за заразни болести и зависат од моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19. Задолжително е носење на заштитна маска во затворен простор.
Почитувајте ги мерките за заштита.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.