четврток 29 февруари, 2024
Почетна КУЛТУРА Светот на филмот МакеДокс го најави 11-тото издание под мотото „Слеј се со тишината“

МакеДокс го најави 11-тото издание под мотото „Слеј се со тишината“

691

МакеДокс, Фестивалот за документарен креативен филм, го најави своето 11-то издание кое треба да се одржи од 19-ти до 26-ти август. 

Од МакеДокс велат дека оваа година ќе се прилагодат во согласност со препораките за заштита на општото јавно здравје, а ова лето ќе се дружат со своите посетители под мотото „Слеј се со тишината“, според збирката поезија на Ацо Шопов, кое, велат, е идеално за реалниот или виртуелен Куршумли ан.

„Бројот 11 може да се чита како почеток на нова декада, како 1.1, а може и да се чита во неговото скриено значење, како број кој означува порта кон други, метафизички димензии, или како број кој означува носење на суд, одлука. Единаесеттото издание на МакеДокс ќе биде посветено на звукот и тишината. На слушање на наједноставното и најтешкото, и на поглед кон невидливото. Фокусот го ставаме на поезијата во филмот-дизајнот на звук. А фестивалот, кој се покажа како жилав троскот, ќе го менува својот ритам, како и сите ние, во согласност со препораките за заштита на општото јавно здравје, ви најавува дека по единаесетти пат ќе се видиме и ова лето под мотото кое е идеално за реалниот или виртуелен Куршумли ан – слеј се со тишината“, порачаа од Фестивалот.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
.td-container, .tdc-row { width: 1095px }