Објaвен трејлерот и музиката на филмот “Гласот на Тишината”

21
Деновиве е објaвен трејлерот и музиката на македонскиот филм Гласот на тишината / Rebirth: Voice of silenice на Илија Павлов.
Станува збор за прв игран долгометражен филм на Илија Павлов, а музиката е на полскиот композитор Tadeusz
Wnuk, познат како Heyhato.
Гласот на тишината / Rebirth: Voice of silenice  имаше европска премиера на CINEDAYS, Фестивалот на европски филм, а светската премиера беше во рамките на
ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола.
Проекцијата на првиот долгометражен филм на Павлов можеше да се проследи во Кинотека, Котур и 3Д кино Битола, а како што информира авторот, во моментов се
договара и негова интернационална дистрибуција.
Освен во Скопје и во Битола, најавува проекции и во други македонски кина, за да може да биде достапен на поширока публика. Павлов во моментов работи на својот втор долгометражен филм насловен “Емил врати се”.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.