Рита Ора ревијално ќе настапи на првото полуфинале на Евровизија

28
(фото, Јаху)
Пејачката со косовско потекло Рита Ора, која живее во Велика Британија, ќе настапи во ревијалниот дел на првото полуфинале на годинашното издание на Евровизија, во Ливерпул .
Како што официјално е објавено првото полуфинале на Евровизија ќе го отвори водителката Јулија Санина, изведувајќи дел од песната „Maâk“ на нејзината музичка група „Хардкис“. Додека, истата вечер Рита Ора ќе изведе микс од нејзините најголеми музички хитови, но и премиерно ќе ја изведе нејзината нова песна „Praising You“. Фановите ја искритикува и коментираат дека тоа ќе биде лошо за нејзината кариера.
И украинската пејачка Аљоша, која ја претставуваше Украина на Евровизија во 2010 година, ќе има свој настап со британската музичарка Ребека Фергусон.
За ревијалниот дел од  второто полуфинале ќе настапи и украинската пејачка Марија Јаремчук, заедно со раперот OTOY и 14-годишната украинска претставничка на минатогодишната Детска Евровизија, Злата Џиунка.
Организаторот наскоро ќе ги објави и имињата на музичките ѕвезди кои ќе настапат во ревијалната програма на самото финале на Евровизија.
Евровизија ќе се одржи од 9 до 13 мај, во Ливерпул, Велика Британија.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.