“Пред и после” на Киро Урдин во Кинотека на 15 декември

28

Проекција на „Пред и после“, филм на Киро Урдин ќе се случи во Кинотека на Р.С. Македонија на 15 декември од 20 часот.
„Пред и после“ е 46-минутен документарен филм во режија и по сценарио на Киро Урдин, наратор е Роберт Миано од САД.
Приказната се случува во околината на реката Мара (Кенија и Танзанија). Едно мало гну и едно мало бaфало се родени во непосредна близина . На крајот од животот тие умираат еден покрај друг.
Музиката е на Венко и Васко Серафимови, камера: Бранд Феро, Слаган Милошевски и Ан Вутерс, Белгија, монтажа и звук: Владимир Петровски – Картер.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.