Отворен повик МакеКоПроДокс форум 2022

26

Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, што ќе се одржи од 18 до 25 август во Скопје, објави отворен повик за учество на работилница за развој на идеи со Туе Стен Милер, консултант за документарни филмови и филмски критичар од Данска, како и отворен повик за учество на МакеКоПроДокс форум 2022 за продуценти/автори со долгометражни креативни документарни проекти.
Пријавата за учество се пополнува преку формулар објавен на веб-сајтот на „МакеДокс“, а рокот за пријавување е до 15 јули 2022 година.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.