СВП: Конкурс за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“

19

НУМ „Струшки вечери на поезијата“ го објави КОНКУРСОТ за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија, објавена на македонски јазик во периодот од 1 Јуни 2023 година до 31 Мај 2024 година.

Наградата „Браќа Миладиновци“ се доделува за поетска книга напишана и објавена на македонски јазик (во книжен или електронски облик). На конкурсот може да биде пријавена и книга објавена двојазично, во која што поетското творештво е оригинално создадено на македонски јазик, односно не е превод од друг јазик.

На конкурсот пријави можат да поднесат авторите или нивните издавачи со согласност од авторот.

Конкурсот ќе трае од денот на објавувањето до 25 Јуни 2024 година.

Авторите или издавачите за учество на конкурсот мора да испратат 6 (шест) примероци од книгата на следната адреса:

 

НУ Манифестација„Струшки вечери на поезијата“

Поштенски фах 111

„Браќа Миладиновци“ бр.5

6330 Струга

Република Северна Македонија

 

Со назнака на пликото дека книгите се за конкурсот за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2023 година.

Препорака: Доколку се работи за печатени публикации, покрај доставените 6 примероци од книгите, авторите или издавачите препорачливо е да ги достават и во електронска форма (во .pdf формат) на следната адреса: [email protected]. Недоставувањето на книгите во електронски pdf формат не ги исклучува авторите или издавачите од учеството на конкурсот.

Интегралниот текст на Конкурсот со критериумите и условите може да го видите на веб страницата на НУМ „Струшки вечери на поезијата”.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.