Актерка со големи постигнувања, Магдалена Ризова Черних, поставена за нова директорка на Театар Комедија

587

Министерството за култура на Република С. Македонија, вчера 24 ноември 2021 година, за нова в.д. директорка ја постави една од најпознатите глумици кај нас, со мошне плодна кариера, Магдалена Ризова Черних.
Магдалена доаѓа на местото на досегашната в.д. директорка Нора Шаќири Марковиќ, која на оваа позиција дојде од Министерство за култура.
Откако овој пат се одлучија на чело на оваа културна институција да биде личност од фелата, се посетуваме на импресивната актерска кариера на Ризова Черних.
Познатата македонска театарска, филмска и телевизиска глумица Магдалена Ризова Черних е родена на 28 мај 1968 во Кавадарци. Во 1991 година, дипломира на Факултетот за драмски уметности во Скопје на катедрата за драмски актери во класата на професор Владимир Милчин. Во 1993 година се вработува во Македонски народен театар во Скопје. Од 2017 година работи во Театар Комедија, каде сега е поставена за нова в.д. директорка.

Најгледана е во улогите во “Македонски народни приказни” .

Други остварувања:

1990 Еурека ТВ-серија
1990 Тврдокорни ТВ-серија
1991 Вистина ТВ-филм
1991 Опстанок ТВ-серија
1991 Стрес или погрешна нота ТВ-филм
1992 Чудовиштата во нашиот град ТВ-серија
1993 Грев или шприцер ТВ-филм
1995 Во светот на бајките ТВ-серија
1998 Салон Хармони ТВ-серија
1999 Глас- ТВ филм
1999-2000 Македонски народни приказни ТВ-серија
2000-2001 Погрешно време ТВ-серија Благица
2000-2001 Светот има осум страни ТВ-серија
2000-2001 Во светот на бајките ТВ-серија
2001 Прашина ТВ-филм
2002 Звукот на светлината ТВ-филм Марија
2002 Наше маало ТВ-серија
2002 Заведени ТВ-серија
2005 Обични луѓе ТВ-серија
2006 Мост ТВ-филм
2007 Сенки ТВ-филм
2008-2010 Македонски народни приказни ТВ-серија
2011 Турни ме да кинисам ТВ-серија
2014 До балчак ТВ-филм
2016/17 Комшиски приказни ТВ-серија
2019 Врба ТВ-филм

Добитничка е на повеќе награди, од кои позначајни се:

1991 – Награда за најдобра епизодна улога, на Филмскиот фестивал во Лугано, Швајцарија за улогата на Марија во Филмот Вистина, во режија на Стиле Поточњак
1993 – Награда за најдобар млад актер, за улогата на Мими во претставата “Грев или шприцер” во режија на Димитар Станковски
1994 = Награда за најдобра женска улога на фестивалот во Ливерпул, Англија, за улогата на Јохана во претставата “Бал” во режија на Бранко Брезовац
1995 – Награда за најдобра женска улога во улогата на Коробочка, во претставата “Мртви души” во режија на Владимир Милчин
1998 – Награда за најдобра претстава и за најдобра женска улога на Балканот на Балканскиот фестивал во Софија – Бугарија за претставата “Мурлин Мурло” во режија на Владимир Милчин

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.