Утре промоција на книгата “Незаборав кога прстите пеат”

176
Есенски музички свечености на 26 ноември во 12 часот во Музеј на македонската борба ја најавуват промоција на книгата за 27 музички великани и нивните дела, со наслов “Незаборав кога прстите пеат”.
Автори: Кирил Тодевски и Марија Велковска.
Промотори: Проф. д-р Горанчо Ангелов и Сашо Ливрински.

Со своите изведби и творби кои се континуитет со традиционалниот македонски фолклорен израз за себе испишаа незаборав, што за повиканите од сверата на фолклористиката ,односно Музикологијата и Етно музикологијата бил и треба понатаму да биде предизвик нивниот незаборав трајно да го забележат во своите научни и друг вид на прилози.

Во повеќедецениското негување и афирмирање на нашето пребогато песнопојно и орско инструментално творештво, голем е бројот на песнопојци и инструменталисти кои зад себе оставија непроценливо фолклорно богатство со кои што за навек го легитимираа македонскиот фолклорен израз, дома и на разни страни во светот. Ако песнопјците преку изведбите на песните ги доловуваа  најразновидните мелопоетски содржини од некогашното секојдневие на македонскиот народ во најразновидните историско-социјални премрежија со кои низ векови се соочувал македонецот, инструменталистите низ своите изведби на показ ги манифестираа спецификите и богатствата на мело-ритмичкиот израз.

Ценејќи го значењето на придонесот во негувањето и афирмирањето на  нашето песнопојно и орско инструментално фолклорно творештво, Дирекција та за култура и уметност на Скопје, по предходно реализираната монографија во 2019 година „ПЕСНИТЕ СЕ НИВЕН НЕЗАБОРАВ“, посветена на 24 починати великани на македонската песна, на авторите Етно музикологот Кирил Тодевски поранешен уредник на Редакцијата за народна музика во Македонското радио и Марија Велковска уредник во Музичката редакција на Македонското радио, го подржа нивниот втор проект „НЕЗАБОРАВ КОГА ПРСТИТЕ ПЕАТ“ посветен на 17 починати великани, инструменталисти и автори на орски и песнопојни творби, чии изведби и авторски изрази имаат трајни вредности.

Промотори: етномузиколог  Проф.Др. Горанчо Ангелов професор по традиционални инструменти на Музичка академија- Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип

 Сашо Ливрински – професор по музичко образование во Гимназија  „Раде Јовчевски-Корчагин“ – Скопје, хармоникаш, естраден уметник и автор на инструментални, вокално инструментални творби и аранжмани.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.