И МНТ ги откажа претставите за 24, 25 и 26 ноември

120
Поради тешката сообраќајна несреќа која се случи на ден 23 ноември 2021 година 23, 24 и 25 ноември се прогласени за денови на жалост. Премиерата и репризните изведби на претставата „Нема да биде крај на светот” во режија на Нина Николиќ, кои беа закажани на 24, 25 и 26 ноември 2021 година се откажуваат.
Новиот термин на премиерната изведба се закажува за сабота на 27 ноември со почеток во 20 часот, а репризните изведби кои беа закажани за 25 и 26 ноември се откажуваат – средствата од билетите за овие изведби на публиката ќе и бидат рефундирани.
РСМ НУ Македонски народен театар изразува длабоко жалење и сочувство до семејствата на загинатите.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.