Одбележан патронатот на ООУ “Тодор Јанев” – Чашка со претстава од учениците

291

79 годишнината од формирањето на училиштето “Тодор Јанев” во Чашка беше одбележан со претстава на учениците.
Печалбарството при крајот на XVIII, потоа во 19, и во почетокот на овој век, станало масовна појава и е еден од најсилните докази за неподносливата состојба, особено во македонските села. Селаните масовно ја напуштале Македонија и оделе во Солун, Цариград, Смирна, Скадар и надвор од границите од Турција, во соседните земји Србија, Грција, Бугарија и Романија.
Преселничките бранови од овие краишта се засилиле по Илинденското востание во 1903 година, а особено изразени се по Балкансите војни и по Првата светска војна кои наместо слобода од петвековното ропство, на Македонците им донесоа тројна поделба, угнетување, асимилација, денационализација и физичко уништување, што ги споредувале од порано ослободените соседи: Бугарија, Кралска Југославија и Грција.
Тешките и лоши често и невозможни услови за живеење и постојаната борба за опстанок присилиле голем број Македонци да се определат за печалбарство.
Плачи круша- олтар на печалбарство, дрво под чии гранки се делеле печалбарите од своите што тука иделе да ги испратат, дрво чии корени ги натопиле реки солзи, место каде се корнеле од своите огништа. Оваа круша молчи за тагите за воздишките за закопаните надежи под нејзините гранки, за последните разделби, последните прегратки, последните бакнежи, за ветувањата дека наскоро ќе се вратат тие што одат во печалба штом спечалат малку пари. Со првото пролетно сонце, штом рацути првиот дрен, тогаш печалбатите се враќале од печалба, од туѓина и домовите се радувале, ги греела топлината на семејниот живот. Топењето на снегот значело повторно замнување на блиските во туѓината. Повторна тага. А кој прв зел торба со алати и отшол во бел свет,отворил вратата на видиците на овие луѓе и на генерации по него?- Не се знае
Учениците, по повод оваа претстава ни изјавија:
Никола Ѓорѓиевски, Костадин- син на Божана: Немам што да кажам освен едно преубаво искуство кое што никогаш нема да се заборави.
Сара Крстева– лик Симка:
-Сум учествувала во речиси сите театарски претстави кои што се организирале во нашето училиште. Но никогаш не сум имала волку преубаво чувство до сега.
Јас, Магдалена Димитријовска учествував на театарската претстава “Печалбари” која се одржа во просториите на моето училиште по повод патрониот празник на ден 25.04.2024. Ми беше доделена улогата Темковица (мајка на Славчета печалбарот) за која несебично и неуморно се вложував околу месец дена. Првично, да бидам искрена, се исплашив од тежината на зададената карактерна улога бидејќи беше моја прва театарска претстава, но успеав да ги задоволам очекувањата на наставниците и публиката во која гордо ракоплескаше и мојата мајка.
Росана Маневска– улога Божана: јас прв пат учествувам во театарска претстава и чувството е многу убаво и на пробите ми беше забавно.
Сандра Димитриева: Ова не е мое прво искуство во театар. Ова беше многу добар процест Моја улога беше: Жената на Божин Печалбарот.
Драганче Кузмановски– лик стрико Кољо: Интересни работи има во животот ама уште поитересно е да учествуваш во некоја тетарска претстава.
Марко Димовски– лик Славче син на Темковица:
-Ова е мое прво искуство во театарска претстава. Ова искуство е незаборавно и сакам во иднина да продолжам со учество во многу други театарски претстави
Артим Адеми: Јас бев во улогата на Зафир, најдобриот другар на Костадин. Играв благороден лик и за мене едно ново искуство од театарската уметност.
Илми Бекиров во улогата на Божин печалбарот. Уживав во процесот и во улогата која ми беше доделена и нашата менторка. Сакам да учествувам и во други претстави.
Сара Николиќ: Ова е моето прво искуство на почетокот имав трема но подоцна тремата исчезна. Мојата улога беше жената на Стојан печалбарот.
Патриција Игновска во улогата на Рајна: убаво е чувството да застанеш на сцената и да бидеш друга личност…
Лука Таневски во улогата на Јордан: Голем предизвик за мене во една ваква може да се рече и “негативна” улога…

Претставата ја проследија директорот на училиштето Бојан Ѓорѓиев и градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.