ВИДЕО И ФОТО :”9″ – Бакнежот е предавство!

50
smart

На 29.12.2021 во ЕСРА се одржа затворена претпремиера на драмата “9”, од Гоце Ристовски, а во улоги на Благоја Чоревски- Чоре и Зорица Панчиќ.
Сценаристот ја опишува драмата, за која и веднаш, според насловот, се поставува прашање дали “Деветка” има некаква симболика и за она што Данте го пишуваше во “Пеколот” претставен преку деветте кругови, овој пат во некоја современа варијанта?
-Ова е слика на ново време, малку и со иронија да се проговори за некои нешта кои што долго ни се провлекуваат како однапред зададени и конечни, ако кај Данте тоа е комедија, ова е божествена трагедија. Пеколот е тој во кој што се живее и денес и секогаш. Идејата дојде спонтано. Беа направени 11 верзии, а во 2016 година беше изведена премиерно во Нови Сад, со мала но многу силна екипа Соња Лештар и Лазар Иванов, актери кои што имаат една продуховеност, за среќа по нив дојде и до новата соработка, по иницијатива на Благоја Чоревски со кого ние се знаеме, се разбира, одамна. Ова е еден сосема поинаков поглед што ние го нудиме, за разлика од Данте кој што го спомнавме,вели сценаристот …
Од бројните реплики, ја издвојуваме “Бакнежот е предавство. Или некого предаваш или некому се предаваш”.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.