Женска гардероба“ на Први ноември во Театар Комедија

97
 ,,Женска гардероба“ е на 1 ноември. во Театар Комедија, претстава ,во режија на Наташа Поплавска, по текст на современиот чешки  автор Арношт Голдфлам. Станува збор за пиеса која ни ги раскажува приказните на  четири актерки на различна возраст, кои сакаат различни нешта, но она што ги спојува  и ги врзува е нивната заедничка гардероба зад сцената, и театарот воопшто, со сета  негова магија и страст. Улогите ги играат: Жаклина Стевковска, Жаклина Петровска Милјановска, Ева Скендеровска, Тања Мицков и Тони Денковски.
Автор на музиката за  претставата е Ристо Вртев, костимографијата е на Ивана Каранфиловска Угуровска,  сценограф е Војдан Запров, а дизајнер на светло Милчо Александров. Асистент на
режија е Иван Вртев, а драматург е Благица Секуловска.
Оваа современа комедија е во продукција на Театар Комедија, Амбасада на Република  Чешка, МА2К Invest S.P.O. и SOR Libhavy OOD.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.