“Промоција на книгата „Ноќни луѓе“ и од Иван Херцегг

20

Промоција на книгата „Ноќни луѓе“, избор песни од Иван Херцег (Хрватска)
Во четврток, 27 октомви, од 20:00 часот во бифето на Младинскиот културен
центар ‒ Скопје ќе се одржи промоцијата на книгата „Ноќни луѓе“, избор песни одИван Херцег (Хрватска) во препев на Владимир Мартиновски. Збирката е издание наПНВ Публикации“ и поместена е во едицијата „Гравири“.Т ворештвото на Иван Херцег ќе го претстави Владимир Мартиновски, ар азговорот ќе го модерира Јулијана Величковска.Настанот е дел од нововостановената меѓународна соработка на „ПНВПубликации“ и „Скопскиот поетски фестивал“ со „Хрватско друштво писаца“ (HDP) ифестивалот „Стих у регији“ (SUR) од Загреб.„Поетскиот избор ‘Ноќни луѓе’, во кој се поместени шеесетина песни од неговите седум поетски книги (…) на македонските читатели им овозможува да го откриваат раскошниот поетски свет на Иван Херцег, во кој преку јазикот на поетските слики едновремено се соочуваме со бескрајните (и прилично мрачни и загадочни) пространства на Вселената, но и со неодгатливото во секој од нас“ – Владимир Мартиновски.

„Иван Херцег е еден од најистакнатите поети кои во хрватската поезија влегоа
во деведесеттите години од минатиот век. Темелната нишка на неговата еминентно лирска и рефлексивна поезија, досега објавена во повеќе стихозбирки и наградена со
неколку книжевни награди, уште од почетокот е неоегзистенцијализмот, кој не е примарно последица на некои трагични општествени случувања, туку е интимен и тивок. Метафизичкиот,егзистенцијалниот, па оттука и општествениот дефицит е

всушност главната тема на Херцег и од тој дефицит од збирка во збирка, ако не е секогаш сè подраматичен, тогаш секако станува сè поочигледен и неоспорен“ ‒Давор Шалат.
Иван Херцег е поет, раскажувач и уредник. Роден е 1970 г. во Крапина, Р.
Хрватска. Дипломирал хрватски јазик и книжевност на Филозофскиот факултет воЗагреб. Извршен уредник е на списанието „Поезија“, уредник е на Библиотеката „Поезија“ на ХДП и организатор на книжевниот фестивал „Стихот во регионот“ (СУР).
Живее и работи во Загреб. Автор е на поетските книги: „Нашите други имиња“
(1994), „Ноќ на асфалтот“ (1996), „Снимки на земните воздишки“ (1997), „Ангели вожалост“ (2004), „Неправилности“ (2007), „Кога ќе дојде Вавилон“ (2013), а во печатму е и стихозбирката „Нулти живот“ (2021). Поезијата му е преведена на десетина
јазици. Иван Херцег е автор и на збирката кратки раскази „Голи“ (2011).
Добитник е на повеќе книжевни награди, меѓу кои: „Горан за млади поети“ (1994), „Здравко Пуцак“ (1996), „Рикард Јоргованиќ“ (2014). Член е на Хрватскотдруштво на писателите (ХДП) и на Хрватско-загорското книжевно друштво.
Учествувал на голем број реномирани книжевни фестивали во: Њујорк, Пекинг, Ротердам, Сет, Лондон, Варшава, Букурешт, Куртеа де Арџеш, Љубљана. Песните му се застапени во прегледи, во панорами и во антологии на современата хрватска
поезија.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.