Театарската група „Пресврт“ вечерва на МОТ

62
Програма на 46-тото издание на  МОТ за 2.12.2021
2 декември (четврток)
Дневна доза мазохизам / Пресврт (МКД)
Режија: Лука Кортина
време: 20:00 / локација: МКЦ, сала 25 Мај РАСПРОДАДЕНО
Истражувајќи ја опсесијата како генетски код врз кој се создаваат односите меѓу луѓето и опседнатоста како пракса што се артикулира во секојдневието, новиот театарски проект на Пресврт, „Дневна доза мазохизам“ го разложува човековиот емотивен распад преку конфликтот што се наоѓа во обичните ситуации. Заслепени од виртуелниот идеал, луѓето често се наоѓаат на крстопатот помеѓу тоа што е и тоа што посакуваат да биде, како што му се случува и на Тома, чие несовпаѓање со светот длабоко се истакнува преку неговата привлечност кон младата „инфлуенсерка“ Софија, која пак се бори со сопствениот наметнат калап на своите обожаватели.
Билетите за претставите изнесуваат 300 денари. Истите се достапни преку bileti.mkc.mk и на билетарница во МКЦ.
Тимот на МОТ го задржува правото на измени во распоредот на претставите.
Фестивалот е поддржан од Град Скопје и Министерство за култура.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.