Вечери за филм на отворено во Градскиот парк -18 и 19 јули

743
На 18 и 19 јули, на Школка во скопскиот Градски парк, се редовните летни филмски проекции овој пат на  два македонски филма. Проекциите се прават во рамки на фестивалот „Самерленд“, во организација на Младинскиот културен центар од Скопје.

На 18 јули, со почеток во 21 часот, ќе има проекција на филмот „Господ постои, името и е Петрунија“ во режија на Теона Стругар Митевска, кој во меѓувреме ги освои светските филмски платна и фестивалски сцени.

Џган е првиот долгометражен филм на Вардан Тозија – „Џган“, а проекцијата ќе биде на 19 јули во петок од 21 и 30 часот.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.