Licentia poetica со Дијана  Ухерек Стевановиќ….Не, ништо не е важно освен мигот, кога и сама стануваш капка дожд……

885

Licentia poetica со Дијана  Ухерек Стевановиќ – Уредник на рубриката Филип Димкоски

Дијана Ухерек Стевановиќ родена е 1968 година во Гарешница, Хрватска. Од 1986 година се преселува во Суботица,  Србија. Завршила Педагошка академија во Kикинда, а подоцна и Педагошки факултет во Сомбор каде и магистрирала.

Работи како професор по одделенска настава во ОУ „Мирослав Антиќ“ во Палиќ, Суботива. Живее во Суботица и апсолвент е на Теолошкиот факултет. Покрај пишувањето, се занимава и со сликарство. Застапена е во преку седумдесет меѓународни зборници.

Авторка е  на книгите „Вонвременска“, „Бескрај“, „Нотинарана“, „Безимена“, „Таа“, „Воинка на светлината“, „Вонврмена-Артемида“, „Невидлива“, „Небо во забите“, „Несовршена“, „Ведрина“.

Добитник е на Суботичкиот оскар на популарноста за 2013 година за нејзините постигнувања во литературата. Добитничка е на повеќе благодарници и награди за родољубива, мисловна, љубаовна и социјална поезија., нејзините дела се објавени во многу лекетонски списанија и портали, објавија и три електронски книги како и книга бо 3D варијанта.

Приредувач е на неколку поетски зборници со поетија за возрасни и со поезија за деца, а организатор е на Првата уметничка олимпијада. Пишува рецензии и книжевни прикази а нејзините песни препејувани се на македонски, италијански, кинески, унгарски, грчи, бугарски, англиски, француски, руски….

Таа е една од уредниците на порталот за култура, образование и активизам „Покажувач“.  Член е на Меѓународното уметничко здружение „Визија“, Интернационалната заедница на творци, на Хрватското книжевно друштво и на други.  Почесен член е на Книжевниот клуб „Душко Трифуновиќ“ од Кикинда и „Стенка“ од Белград. Основач е на Здружението на балканските уметници.

Претседател е на српската делегација и амбасадор на „”SCUOLA DI POESIA – SCHOOL OF POETRY – SCUOLA INTERNAZIONALE DI POESIA – UNIONE MONDIALE DEI POETI – WORLD UNION OF POETS – UMP и добитник е на златен и платинаст амблем за заслуги и промовирање на меѓународната соработка и поезијата.

Ви претставуваме три песни од нејзиното творештво.

КАПКА ОД СОНЕТНИОТ ВЕНЕЦ

Го спакував времето

во куферот на минатото

се наметнав со стихот,

живеејќи ја сегашноста

на миг помислив

дега сум Прешерновата Јулија

и си ставив насмевка

верувајќи во СОНЕТНИОТ ВЕНЕЦ

кој еден ден

а зарем е важно,

кога

и од кого

ќе го добијам на дар.

 

Не, ништо не е важно

Освен мигот

кога и сама

стануваш капка дожд

која се слева

низ неговите мисли.

 

МИГОТ НА ТРАЕЊЕТО

Праволинискиот состав,

гради патоказ кон досадата

зашто одамна сфатив

дека секоја кривина

има успорување на брзината на живеењето

но и косина проценета

со миг на траење.

 

Ова е предизвик,

да бидеш или не,

овде и таму,

никаде и некаде

никој и ништо

а си мислел

дека

се е во сешто.

 

Зашто Нејдојида е

Вистинско место

каде Алиса

слична на мене

сонувала будна

вистинити сништа.

 

Одамна не купувам

повратен билет

зашто кој знае

можеби ќе се вратам

пешли пу друг пат

но едно е сигурно

целта ќе биде иста.

Со животните нитки

извезена слика

во која се уште

ние сме НИЕ!

 

ОД ЗБОРОВИ ИСТКАЕНА

Чувствувам

треба

да ти напишам песна

токму онаква

каква што сакаш

проткаена со рима

заплеткана во сништа.

Не, не сум

онаа од празни

ветувања,

твоја сум

сосема твоја

од зборови исткаена

слободна мисла

во слободен стих.

Избор и препев од српски на македонски јазик: Филип Димкоски

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.