Вечерва „Декамерон“ во режија на Мартин Кочовски го отвора 48. МОТ

12

Со претставата „Декамерон“, во режија на Мартин Кочовски на Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински вечерва во 20.00 во МКЦ се отвора 48 – то издание на меѓународниот театарски фестивал Млад отворен театар – МОТ
„Во околности на глобална општествена безизлезност, неизбежно е да се занимаваме со „Декамерон“, со триумфот на потребата за живот. Животот радоста и среќа, овде и сега“ – изјавува режисерот Кочовски кој „Декамерон“ го постави на сцената на театарот во 2022 година
Радоста за вечерашната премиера во рамки на МОТ не ја крие комплетната екипа.
„Декамерон за мене значи целосно препуштање, или можеби беспоштедно согорување. Таа претстава ни дозволи да се изразиме на некакво интуитивно ниво. Кога работите со толку обемна материја која изобилува со разноликост, со толку различни ликови и ситуации, неизбежно ќе наидете на контрадикторности. Тука нема простор за мудрување, едноставно – се препуштате. Затоа во оваа претстава, човекот има толку многу лица, и суров е, и безмилосен, и ноншалантен, но и сочувствителен и бескрајно благороден по дух; и кревок – и нескршлив. Сето ова од една страна обеспокојува, дури и длабоко потресува, а од друга страна, сепак – успокојува, ивели Лидија Митоска-Ѓорѓиевска, драматург на „Декамерон“.
Млад отворен театар – МОТ, по вечерашната премиера нуди 29 театарски настани, претстави, работилници, промоција на книга и мастерклас, кои ќе се одвиваат на сцените на МКЦ од 8 до 18 ноември.
Дизајн на постерот на фестивалот е Бабак Сафари – графички дизајнер од Иран.
Целосната програма и распоред на фестивалот можат да се погледнат на официјалната страна на фестивалот mot.mk, а билетите можат да се набават преку билет сервисот на МКЦ bileti.mkc.mk.
Годинешната програма на фестивалот е поддржана од Министерството за култура (3.900.000 денари), Градот Скопје (650.000 денари), а преку партнерства, фондови, амбасади и министерства на други држави, за достојно одбележување на фестивалот обезбедени се дополнителни 2.300.000 денари.

Тимот на МОТ го задржува правото на измени во распоредот на претставите, за што ќе добиете навремена информација.


Театар кој надживува

Со огромно задоволство тимот на МКЦ го најавува 48-тото издание на Млад отворен театар – МОТ, од 8 до 18 ноември, со вкупно 29 театарски настани, претстави, работилници, промоција на книга и мастерклас.
„И ова издание на МОТ како и претходното е особен предизвик бидејќи сесрдно се обидуваме да го зачуваме духот на еден од најстарите меѓународни театарски фестивали во регионот, за да прикажеме жив театар кој промовира дијалог, социјална промена и описменува. Театар кој ги надживува сите исправени препреки. Со буџет од 650 000 денари од Град Скопје, а остатокот обезбеден од партнери, фондации и дипломатски претставништва во земјава во висина од 2 300 000 денари, очигледно и МОТ има задача да ги надживее овоземските предизвици на современието кое го живееме“, вели Русе Арсов во име на МКЦ.
Фестивалот се отвора со претставата „Декамерон“, во режија на Мартин Кочовски на Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински. Од италијанскиот хуманизам, следниот ден на сцена го гледаме рускиот реализам, „Браќа Карамазови“ претстава со која режисерот Оливер Фрлиќ , по девет години се враќа на сцената на „Загребско казалиште младих“ – ЗКМ. Достоевски е мотив и на „Евангелие по Ф.М. Достоевски“ во режија на Јернеј Лоренци на Српски народен театар од Нови Сад, Србија.

Белег на ова издание на МОТ се новите аудио – визуелни искуства кои ќе ги понуди фестивалот низ две претстави, инклузивноста со претставата на Колективот Ветерница „ Дрво нив времето“ каде учествуват лица со и без попреченост и „Скопје, големо богатство“ кое ја ангажира публиката низ дел од заборавените места во Скопје, каде што низ колективна прошетка се отвораат прашања за општествената димензија на јавните простори.
Скопје провејува низ фестивалот како тема, бидејќи МКЦ/МОТ како комесар на годинашното претставување на Македонија на квардиналето во Прага, годинава ќе одржи лабараторија „Градот како сцена“, во соработка со ФРУ.
Минатогодишните носители на наградата БИШ 2022, Артопија, направија компродукција и годинава ја гледаме ПООЛ која е работена по мотиви на Марк Рејвенхил и сурово ги распарчува лажните идеали разотркивајќи ја вистинската слика за уметниците.
„И оваа година МОТ ја доделува наградата БИШ, за која на отворениот повик се пријавија театарски претстави од домашна продукција, а на фестивалот ќе бидат прикажани шест селектирани претстави. Оценувањето на претставите го прави меѓународно жири.“, информира Русе Арсов во името на тимот на МКЦ.
„Скриената улога на продуцентот“ е насловот на Мастер класот кој ќе го одржи Душан Пернат, продуцентот и тур менаџер на Словенско Младинско гледалишче.
Годинешниот дизајн на постерот на фестивалот е на Бабак Сафари – графички дизајнер од Иран.
Билети за претставите може да се најдат на онлајн линкот за продажба достапни bileti.mkc.mk и на билетарница во МКЦ.
Тимот на МОТ го задржува правото на измени во распоредот на претставите, за што ќе добиете навремена информација.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.