Промоција на збирката раскази „Млечни заби“ од Хана Корнети

55

7 ноември, 2023 година

Утре, среда во 12:00 часот во Прличевата одаја при НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ќе се оддржи промоција на збирката раскази „Млечни заби“ (Или-Или, 2021) од Хана Корнети. Вратите се отворени за сите!
Промотор ќе биде Глигор Стојковски а модератор на настанот Милчо Јованоски. Ќе има читање, музика, коктел.
Хана Корнети (1992, Скопје) има дипломирано паралелно историја и филозофија (ОДТУ, Анкара) и магистрирано културолошки студии (Сабанџи, Истанбул). Има добиено награди за расказ и пиеса. „Млечни заби“ е нејзино книжевно деби. Во декември се очекува да се објави нејзиниот прв роман за деца, „Илина и шумските тролови“.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.