Вечерва во кино „Милениум“ почнува Фестивалот на новиот германски филм

608

Фестивалот почнува на 2 мај со комедијата „100 работи” во „Милениум“, а проекциите потоа, од 3 до 6 мај, продолжуваат во кино „Фросина“. „Жешко столче”, „Надвор од системот”, „Во време кога светлината згаснува”, „Исход на вистината”, „Стикс”, „Среќата е за слабаци”, „Љубопитниот Тоби и тајната на нашата планета”, „Тим Талер или момчето што ја продаде својата насмевка” и „Помош, ги смалив родителите”, се дел од филмовите што ќе бидат прикажани.

Фестивалот ќе патува и во кино салите на Кавадарци, Куманово, Гевгелија, Прилеп, Охрид, Радовиш, Штип, Тетово и Битола.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.