Промоција на книга и трибина за Биоетиката на Холокаустот

674

На 3.мај во Меморијалниот центар на Евреите во Македонија ќе се одржат два настани посветени на Биоетиката на Холокаустот.

Најнапред од 12 и 30 ќе биде промовирана книгата „Прирачник за Биоетиката и Холокаустот„ од др.Теса Челуш која ќе се обрати на присутните.

Веднаш потоа од 13 и 30 ќе се одржи Трибина на истата тема, за која воведни напомени ќе даде проф. др. Дејан Донев од Центарот за Интегративна биоетика при Катедрата на Филозофски факултет и Катедрата за биоетика при УНЕСКО. Трибината ќе продолжи со дискусија која ќе трае до 14 и 30 часот.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.