Вести и проекции од филсмкиот свет-Вечерва две проекции во Кинотека на Македонија

833

Денес  (22 мај ) на програмата на Кинотеката на Македонија во рамки на неделата на италијански филм ќе биде прикажан филмот „НЕОБИЧЕН ДЕН“- (Una giornata particolare) во режија: Еторе Скола (Ettore Scola) по сценарио: Еторе Скола (Ettore Scola),улогите ги толкуваат: Софија Лорен, Марчело Матстројани (Sophia Loren, Marcello Mastroianni).

КИНОТЕКА ВО СОРАБОТКА СО ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ ЛИТЕРАТУРЕН ФЕСТИВАЛ “ПРО-ЗА БАЛКАН” ,од 21 асот ќе го орикаже Бугарскиот филм „МИСИЈА ЛОНДОН“, -Мission London) во Режија: Димитар Митовски (Dimitar Mitovski) а Сценарио: Делјана Манева, Димитар Митовски, Алек Попов (Delyana Maneva, Dimitar Mitovski, Alek Popov)

Улоги: Ралф Браун, Алан Форд, Томас Арана, Мето Јовановски (Ralph Brown, Alan Ford, Tomas Arana, Meto Jovanovski )

По големиот успех на романот „Мисија Лондон“ на Алек Попов, режисерот Митовски го сними истоимениот филм, кој ја врати бугарската публика во кино-салите, а забележа голема популарност кај нас и во регионот.

Приклучувањето на Бугарија во Европска Унија е повод за спектакуларен настан кој се планира во амбасадата на Бугарија во Лондон. Настанот ѝ е многу битен на сопругата на бугарскиот претседател, која сака да се промовира и себеси, а задачата му е доделена на Варадин, новиот бугарски амбасадор во Лондон. Освен организацијата на концертот, најважната „политичка“ задача на Варади е да го обезбеди присуството на британската кралица: не треба да се сомневате дека тоа е личната желба на „прват дама“ на Бугарија.

Но, со корумпираните вработени во бугарската амбасада, кои го дополнуваат личниот буџет преку ситен криминал, и недоразбирање со Пи-Ар агенцијата, која треба да обезбеди семејство кое ќе личи на британското кралско семејство – едноставна задача на Варадин се претвора во хаотичен кошмар за него, но и за угледот на неговата држава и „првата дама“…

На проекцијата ќе биде присутен и Алек Попов, а по проекцијата ќе се одржи дискусија со писателот под модераторство на проф. д-р Александар Прокопиев.

Влезот е бесплатен а проекциите се од  19 и 21 часот!

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.