Почетна КУЛТУРА Литература Во среда ќе се доделува државната награда ,,22 Ноември“ за 2023

Во среда ќе се доделува државната награда ,,22 Ноември“ за 2023

Одборот за доделување на државната награда,,22 Ноември“ согласно Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на законот за државните награди („Службен весник на РМ” бр.52/06,54/07,74/12, 99/18 и Сл весник на РСМ бр.98/19 ) и Правилникот за работа на Одборот, на својата последна седница донесе

О Д Л У К А

за доделување на државната награда,,22 Ноември“ во 2023 за признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија,
1. За остварувања во областа на политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија, наградата им се доделува на:
– Агим Винца, истражувач и писател
– Амет Селмани, писател
Наградата на добитниците ќе ѝм биде врачена на 22 ноември 2023 година (среда ) во 12 часот во Собранието на Република Северна Македонија.

Претседател на Одборот, Решат Амети

metropolis-big