Заврши 10. Филозофски филмски фестивал

627

Вчера  заврши  10. Филозофски филмски фестивал, кој од 21-ви мај се одржуваше  под мотото „Идеи, светови“. Годинашното издание на Фестивалот се одвиваше онлајн поради ковид кризата. Како што информираат од Филозофското друштво на Македонија, сите филмови, до 24 часот вчеравечер , можеа да се погледнат бесплатно во виртуелната кино сала на македонската VoD платформа Cinesquare:  [www.cinesquare.net/pff]www.cinesquare.net/pff .

Фестивалот беше затворен вчеравечер со онлајн концерт на Ема Попивода со ACOUSTIC ELECTRONICS, а беа  прикажани победничките кратки филмови „Осло“ на Шејди Сроу – „Златен був“ за Најдобар краткометражен филм на ФФФ 2020 (https://cinesquare.net/#/movie/1510/_oslo)  и „Розево Ветување“ на Софи Линенбаум – Специјално признание „Стефан Сидовски – Сидо“ (https://cinesquare.net/#/movie/1504/_pinky_promise).

ФФФ Пролетните онлјан миграции“ се плод на солидарно партнерство меѓу Филозофскиот Филмски Фестивал (организиран од страна на Филозофското друштво на Македонија), Кинотеката на С. Македонија и македонската VoD платформа Cinesquare, со институционална поддршка на Град Скопје, како и неколку други поддржувачи, соработници, пријатели и вљубеници во филмот и филозофијата.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.