Заврши 46. издание на Млад отворен театар

73
Скопје, 8 декември 2021
Со претставите „Имагинарен, ти“ и Блерим Далишта и „Јовано, Јованке“ на Јована Зајкова заврши годинешново 46 – то издание на Млад отворен театар.
Поделен во два блока, во 14 дена гледавме театарски изведби во живо, односно физичко издание на фестивалот, со селективно одбрани театарски претстави кои го одбележуваат овој период на живеење.
„Со многу ентузијазам го направивме ова физичко издание на МОТ и не згрешивме. МОТовската публика со уживање ја проследи меѓународната програма и независната домашна театарска продукција, која беше прифатена со одушевување. Без воздржувања констатиравме дека независната театарска продукција го обели образот на македонскиот театар, и ги покажа своите потенцијали за развој, бидејќи билетите за претставите беа продадени неколку дена однапред“ – вели Русе Арсов.
И покрај ограничените капацитети во просторите каде се одвиваа претставите, според важечките протоколи за одржување настани,  репертоарот на годинешниот МОТ го проследија повеќе од 1700 лица.

Фестивалска програма составена од 26 претстави беше реализирана со поддршка од Министерство за култура на Република Северна Македонија и Град Скопје.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.